Пред 100-годишнината на 19-тиот амандман, National Geographic ја објавува Жени: Векот низ промени, книга која ја прикажува богатата 130-годишна архива фотографии од и со жени. Како што кажува уредничката на списанието, Сузан Голдберг во воведот, книгата треба да понуди „поглед на жените низ времето - како се гледало на нив, како биле третирани, колку имале или немале моќ - сè до денес.” Главната цел е сепак, „да се осветли животот на жените.”
Портрет на Оџибвеј, или Чипева индијанче
Истражувачка во пештерите Карлсбад во Њу Мексико.
Женски марш во Вашингтон, фотографија направена во 1913-та.
Џуџу, заробено шимпанзо посегнува по Д-р Џејн Гудал.
Поглаварка Кејлин Одри Сиск Франко - спиритуален водач и последен говорител на јазикот на нејзиното племе - праќа молитви со чад кон планината Шаста во Калифорнија.
На фарма во Кентаки, девојчиња си играат на пауза од еднодневна мајки-ќерки екскурзија со која им се помага да си ги разберат и ценат телата додека им се менуваат со пубертетот.
Ученички од Гана се подготвуваат за отворањето на породилната клиника и носат столчиња.
Три Јапонки во традиционални кимона, зад јапонски цреши, 1918-та.
Бремената Нур Ниса се пораѓа, со помош на мајка и, откако им се расипува колата на пат до болница во Авганистан.