Замисли, имаш 50 милиони фунти во накит

Ај сега замисли да ти го украдат.

Тамара Еклстон, ќерката на поранешниот газда на Формула 1, Берни Еклстон, е „видно потресена” откако и украле накит вреден 50 милиони фунти од нејзиниот дом во Лондон.

Кражбата се случила во петокот, додека не била дома (во куќата покрај Хајд Парк) затоа што била на пат за празниците. Влегле, растурале и си отишле со скапоцени прстени, обетки и меѓу другото, една Картие алка вредна 80.000 долари.

Според нивниот портпарол, семејството е во ред, но се многу лути и потресени поради инвазијата.

Можеле и пред инфаркт да бидат, ама фала богу се само „лути и потресени”.

Инаку, богатството на Тамара во 2019-та се проценува на 300 милиони долари. Тоа е како да имаш 300 денари за кафе и да ти снема 50. Не ти е баш сеедно, ама па, и ништо не ти е.

16 декември 2019 - 13:00