Најновиот наводен „хак“ што плови по интернет е доста необичен - има жени што се колнат дека побрзо забремениле користејќи менструална чашка. Поточно, после однос, ја вметнуваат и чашката, со цел да ја задржат спермата поблиску до влезот на матката.
Менструалните чашки инаку се алтернатива на тампони и влошки и дизајнирани се да ја собираат менструалната крв, но за ова не се предвидени. Дали е хакот издржан и дали има некаков ризик?
Досега на пример, немало истражувања за ова, па тешко е да се каже - гинеколозите велат дека постојат многу фактори при зачнувањето, па не може да биде сигурно. Теоретски, би требало физичкото држење на спермата поблиску до грлото на матката да ги зголеми шансите за бременост - заради ова се рекламираат и цервикални капачиња. Нивниот концепт е ист како кај менструалната чашка - нема надвор, само внатре.
Околу безбедноста, веројатно е во ред - ризикот е многу низок, но не е дека е без ич. Држење на менструална чашка во себе подолг период го зголемува ризикот од габична инфекција и развој на бактерии.
Главната порака на гинеколозите е дека доколку се мачите да зачнете, најдобро е да се побара совет од професионалец, за да се разгледаат опциите. Се прави проценка на повеќе фактори, па се наоѓаат најефикасните методи.
Но, ако баш ви се пробува вака и сакате да видите дали ќе направи некаква разлика, докторите велат дека не е страшно, со оглед на тоа што нема штета кога се користи при месечен циклус.