Се вика „четвртчас-правило за спиење“, а осмислено е од научници за сон во Велика Британија, кои нè учат дека ако се мачиме да заспиеме после 15 минути во кревет, треба да станеме и да се вратиме на спиење само кога веќе премногу ќе ни се спие.
Има важен момент во ова: Немојте да гледате на саат и да чекате точно 15 минути, што само би придонело кон стресот и пак нема да заспиете. Наместо тоа, пробајте грубо да процените. Некои експерти даваат и 20 минути.
И ако после тие 15-20 минути не ја бива работата, стануваш и наоѓаш релаксирачка занимација - како читање во малку затемнета соба.
И уште три начини има за олеснување на заспивањето:
Отворете ја вратата од спалната: Некои истражувања покажуваат дека луѓето подобро и подолго спијат поради вентилацијата на собата - се намалува и температурата за некој степен, што го прави воздухот поидеален за спиење.
Баталете го телефонот: Треба да се оддолее на гледањето во екран бидејќи сината светлина го спречува мозокот да ослободи мелатонин - хормонот што го припрема телото за спиење.
Почнете дневник: Некогаш, решението е во разбирањето што нè држи будни навечер - ако ги следиме навиките пред спиење, може да се дојде до „кривецот“ и да се тргне од секојдневието.