Водат ли домаќинките здодевни животи?

Интересно е што прашањево е релевантно денес. А поставено е во 1961-ва. А најинтересно е што изгледа како на домаќинките во ‘60-те подобро се забавувале во текот на денот од денешните.

Клубови, црква, забава... И од прилогот и од коментарите излегува дека животот пред децении бил поисполнет за возрасните жени од денешниот. Од Ејбиси запираат случајни минувачи од двата пола и ги прашуваат - домаќинките водат досаден или интересен живот?

Има по некој што треска глупости, како тој со шминката, ама главно жените изгледаат многу задоволни.

А од коментарите,

„Не знам, ми изгледа како домаќинките порано да правеле многу повеќе и да не се посветувале 100% на децата. Баба ми имаше разни клубови во кои членуваше и беше многу инволвирана во црква. Помагаше и во школо и имаше ситни хобија. Порано не беше децата и само децата.“

 

31 август 2021 - 00:36