Во случај да не ви е доволно згаден интернетот, еве една серија

Како што би требало да им е јасно на сите што бар еднаш биле онлајн во животот, интернетот е застрашувачка работа. И да не мислите така, ќе помислите ако ѕирнете еден од поновите трилери на Нетфликс, „Кликбејт“.

Во главна улога Адријан Грениер (дечкото од „Ѓаволот носи Прада“), чиј лик - Ник е навидум нормален семеен човек кој ќе го киднапираат и со него ќе парадираат на интернет, каде што е прикажан како малтретирач на жени и треба да го убијат непознати луѓе штом приказната ќе достигне пет милиони гледачи.

Описот е „крими со злокобен онлајн пресврт“ и серијата баш навлегува во длабочините на интернетот:

Кликбејт ги истражува начините на кои опасни и неконтролирани импулси добиваат на сила во ера на социјални медиуми и ги разоткрива се поголемите фрактури меѓу виртуелните и реалните персони.“

Серијата има осум епизоди, со дејство во САД, но снимени се во Австралија.

Ги пуштија на 25 август, и со секоја наредна, гледачите добиваат информација дека не е сѐ како што изгледа кај наводно пријатниот семеен човек и на крај и вистината за причината поради која е жртва. Или „жртва“, ќе видиме.

Според тизерот, воопшто не изгледа лошо:

30 август 2021 - 12:09