Имено, меѓу шпекулациите за причината за разводот, се појави и тврдење дека „Софи Тарнер многу шетала по забави, додека Џонас седел дома со децата“, што предизвика јавноста да се подели меѓу „браво“ и „срамота“, како што обично бива.
Еден од изворите вели дека Џонас скоро цело време бил со децата, додека таа снимала серија во Велика Британија, на што Ема Спектер од Вог вели, во основа „Голема работа! Нема да ме фатите како ги жалам татковците што прават тоа што татковци треба да прават.“
Наводите против Тарнер се класични примери на брукање мајки, но истовремено и потсетник дека општеството нѐ има научено да очекуваме СЀ од мајките, а многу малку од татковците. Кога мајка (или дадилка) излегува сама со дете е скроз неинтересно. Ако е машко (па што сака нека е) мора да му пријдат и да го пофалат колку е способен.
Тоа што ја исмеваат и ја караат Софи Тарнер што си дозволува да ужива во животот без да бидат децата околу неа има земено и замав - неодамна Пејџ Сикс ја искара дека пиела шотови во бар, кратко откако Џонас поднесе барање за развод. Настрана фактот што не ни се познати детали од нејзиното однесување како мајка (а да беше излегување со алкохол знак за лоша мајка, тогаш тешко на сите мајки), непријатно е кога ќе се помисли на идејата дека само со излегување надвор и пиење со пријатели е доволно да ти се наруши репутацијата како жена, особено како мајка.
За ова постои збор и зборот е мизогинија.
„Дури и да е мајка што се журка,“ вели Спектер, „што ако? Јас можам да сведочам како дете на мајка што редовно правеше одлични забави дома и ме научи на сѐ што треба околу примање гости и која вотка со кое предјадење одговара (второво го научив на факултет, но добро). Се разбира дека не одобрувам да се опиеш до степен да не можеш да си ги гледаш децата редовно, но децата на Софи Тарнер, колку што знам, не биле во барот кога таа така развратно се осмелила да пие шотови. Толку ли е страшно и скандалозно ако оваа 27-годишна жена и мајка сака да ужива во својот возрасен живот додека децата се безбедни со татко им? Можеби на сите ќе ни биде подобро ако прифатиме дека раѓањето деца не мора да го уништи секој аспект од твоето време и идентитет, и ако им дозволиме на мајките малку да се позабавуваат.“