Ви текнува на „бајонета“ очила?

Само такви се носеа на почетокот на милениумот, и секаде ги имаше, па им помина модата. Е па, еве ги пак.

Тој циклус од 20 години не ги одмина ни диоптриските очила, па додека сме во исчекување дали ќе ги видиме они оса-коси очила за сонце со жолти стакла, да се потсетиме на овие, што еве, денес дознаваме дека се викаат „бајонета“.

Имаат тенки, овални или правоаголни рамки. Името доаѓа од популарен лик од јапонска видео игра од 2009 - Бајонета, позната по тоа што носела слични такви додека повикувала демони и напаѓала непријатели.

Ќе ви текне на нив од „Ѓаволот носи Прада“ и камеото на Жизел Бундхен.

Зошто се враќаат? Па, влијанијата од ‘90-те и раните 2000-ти. Тогаш ги носеа Меган Фокс, Луси Лу и Анџелина Џоли, а сега ги имаше Бела Хадид и се појавија на писта на колекција на Миу Миу.

Оттогаш К-поп ѕвезди, инфлуенсери и славни ги ставија на себе и направија нешто што популарно се нарекува „гик-шик“.

А за ликот од играта... Today years old:

 

 

 

8 февруари 2024 - 09:58