Звучи чудно, ама тоа не го прави помалку вистинито - главната состојка на вистинската љубов (што ја делиш со некого) е да си среќен кога си сингл. А сепак, општеството многу малку прави да ни помогне да бидеме бидеме смирени во сопствено друштво, или барем опуштени. Самечкиот живот се врамува како нешто што е против наша волја, нешто депресивно и секогаш со надеж дека е некаква привремена состојба.