
Како интро, Валери фон Собел поради Советскиот режим во 1956-та бега од Унгарија во Австрија за на крај да заврши во Торонто. Нејзината естетика ја носи до успешна кариера во дизајн на ентериер, се мажи во Калифорнија, и добива син и ќерка.
Тука животот ја става пред мрачен предизвик. Нејзиниот син умира од тумор на мозок, ја губи мајка ѝ, па наредната година и сопругот. Грдиот период поминат по болници, со унесреќени семејства и деца ја води до идејата да формира фондација со името на син ѝ - Andre Sobel River of Life Foundation, со која помага на семејства со болни деца кои од финансиски и други причини не можат да постигнат сами.

„Многу ме инспирира шминкањето.”
Денес има 76 години. Изгледа прекрасно и да, се разбира во убавина повеќе од нас. Не ги спомнува зафатите што најверојатно ги има правено на лицето, ама вика, „фала богу, усните не ги изгубив со годините, и мои се.”