Уметноста на правење пликоа

Шарени хартии, алатчиња и машинчиња за правење фини, персонализирани пликоа. Од оние активности што можеш само да ги гледаш и да одмараш, а ако имаш среќа може да си и од ретките што ги бива за овие детали. Овде веројатно се раѓаат покани за свадба и custom честитки за разни поводи. Просто да му дојде на човек да си ги нарача сите овие симпатични глупости и да се помири дека месец дена подоцна ќе ги заборави во некоја фиока. Или, ќе ви се најде за бизнис идеја.

18 октомври 2022 - 11:54