Ова порано се викаше повеќекратна личност, и главно се поврзуваше со злосторства, ама тоа на филм.
Кај Нобл се откриени 20 различни личности, меѓу кои и дете што пишува само на латински и анорексична жена. Лекарите не разбираат, но подржуваат Нобл да се грижи за нејзиното дете, бидејќи, за разлика од филмови, ниедна од „личностите“ во неа не е опасна.
Од ретките моменти кога е при себе:
„Понекогаш, завршувам со пет различни комбинации за облекување во едно утро. Нормално за мене е да отидам до продавница и да се вратам со багажник полн намирници што не сум ги сакала. Нормално ми е да го отворам плакарот и да откријам облека што не сум ја купила, или да примам испорака на пица што не сум ја нарачала.“
Не само што се снаоѓа добро, туку и создава уметност - 14 од „луѓето“ во неа се уметници.
Патриша е и нараторот на книгата All Of Me - обид да се склопат коцките на неверојатниот, хаотичен живот на Ким. Всушност, Ким Нобл веќе не ни постои:
„За повеќето во надворешниот свет, јас сум Ким Нобл и одговарам на тоа име,“ објаснува таа. „Но, реалноста е дека нејзиниот ум бил раскршен на фрагменти уште пред да прозбори, што оставило простор да преземат повеќе алтер ега.“
Еве како тоа изгледа: