Убава си, како за дебела девојка

Куп навредливи комплименти.

Ви текнува на оние коментари од типот „убава си, ако имаш мали цицки”? Е па, тоа.

Десет жени со Космополитен ги споделуваат најјезивите комплименти што ги добиле во животот, а за жал, некои од нив додаваат и дека „тоа е само еден од многуте”.

Тоа е знаете, она кога луѓето (често мажите) мислат дека нивниот коментар се чека како од Бога испратен, па дека има некакво влијание, па дека нивното мислење некако се важи.

На пример:

1. „Обично не сакам Азијатки, ама…” Ова сме го чуле во поинакви форми - обично не сакам: плавуши, помлади, постари, црни, слаби, дебели… Глуп си.

2. „Не си комерцијално убава, ама има нешто кај тебе…”

3. „Убава си… како за црнкиња.” (види бр. 1)

4. Многу си Х како за висока девојка. (Девојката што го споделува ова, раскажува дека некој ѝ рекол дека никогаш не излегува со високи девојки, ама кај нејзе помогнало што е поженствена. Фала му, стварно.)

5. „На колеџ победив на дебата и еден ми ја стегна раката и ми рече ‘паметна си како за ќерка на фармер'. За малце ќе го нокаутирав. И на тоа ме научи татко ми.”

6. „Кога имав поголема килажа, еден ми рече ‘Еј, убаво ти е лицето, штета.’”

7. „Бившата жена се вика исто како тебе, ама многу е подебела.” Цреп.

8. „Ми се допаѓа како се носиш, не си курвеста како некои други девојки.” Тревога за вакви типови.

9. „Еј, си ослабнала, поубава ми беше порано, со поголеми цицки.” Ех, баш ми е жал, ај пак ќе се здебелам да не мораш да се потресуваш. Глуп еден.

10. „Баш си Х за девојка со вештачка нога.”

Нека стои ова како потсетник дека не секоја позитивна работа завиена во „Ама да си знаеш дека…” треба да се каже.

Овде има уште, само што не се применливи локално. Кој е најужасен комплимент што сте го добиле, без разлика на полот?

12 јули 2019 - 15:28