Маскара, Мишел Фан, Џефри Стар, Ники Туторијалс и слични на нив моментално владеат на Јутјуб со покажување финти за шминкање. Нема врска што нас многу ретко (или ич) ни излегува така, битно самите видео клипови ако ништо друго, се славење на шминката и убавината па и само да ги гледаш ти е доволно.
Камо да ги имаше кога ние учевме да се шминкаме, нели?
Е па, очигледно имало.
Клипот е од 1969-та и очигледно некои правила не престануваат да важат, затоа што почнува со:
„Полека, или резултатот ќе биде ненормален.“
А за таквите како мене што никогаш не доучија како најуспешно во свет да стават руж, во видеово од пред 48 години се крие тајната: ставај во правец на носот, ама никогаш да не ја премине замислената вертикална линија повлечена од средината на окото.
Што не го каже тоа Ники Туторијалс? Не бе, младиве мора да претпоставуваат дека знаеш.
Олд скул засекогаш.