Три чекори за освојување луѓе, со Марџери Тајрел во главна улога

Како да пренесеш корисна порака до што е можно повеќе луѓе? Оддржи им предавање со примери од „Игра на тронови”.

Треба да ти текне.

Прво, ќе се потсетиме колку умешно Натали Дормер ја играше Марџери Тајрел, девојката што едноставно мораше да биде кралица (и беше, на тројца различни кралеви, ама Серси беше појака кралица, изгледа).

После тоа, во видеото ни објаснуваат на кои начини дипломатски можеш да се напикаш под кожа на соговорникот, користејќи финти со кои Марџери успеа и на кретен како Џофри да му се доближи.

Ваше е дали ќе ги употребите за каков и да е напредок, или како нас, ќе ги искористите да бидете малку пораат од луѓе.

Како што почнува и најавата, од овој лик најмногу може да се научи како да се однесуваш и во вистинскиот свет.

На пример, физички се поставуваш странично на соговорникот. Причината за ова е што сме многу поосетливи на (нарушување на просторот) пред нас, отколку на просторот од страна. Од страна, автоматски си помала, или никаква закана.

Или, ненадмашливо, ги тераш луѓето да зборуваат за работи што ги интересираат, и што е уште поважно - слушаш. А ако им е тешко да се отворат - почнуваш ти.

Sирнете, интересно е, и многу детално и фино објаснето. Во ваков свет на ајкули, може и да ви се најде.

17 мај 2019 - 00:21