Ликот Мона Лиса Вито го опишуваа како „колоритна млада жена од Бруклин со наклонетост кон претерани алишта“ и секако остави впечаток. А сепак, дури и номинацијата била изненадување, само затоа што и тогаш, како и сега, Академијата била склона да обрнува внимание на посериозни филмови и улоги.
На крај, во 1993 го добива Оскарот за најдобра споредна женска улога, и тоа во категорија со ни помалку, ни повеќе - Џуди Дејвис, Џоан Плаурајт, Ванеса Редгрејв и Миранда Ричардсон. Плаурајт претходно за улогата во Enchanted April имаше Златен глобус, а Миранда Ричардсон БАФТА за Damage, а сепак, ни едната, ни другата не беа повикани на сцена, туку Мариса Томеи, што во тој момент е толку неочекувано што веднаш почнуваат шпекулации дека е прочитано погрешно име.
И покрај тоа, сценаристот на My Cousin Vinny воопшто не бил изненаден.
„Нејзината изведба е поисполнувачка, емотивно поисполнувачка, тоа е прво,“ изјави во 2017 за TheWrap, „а второ, сите го гледаа Вини. А, таа блесна во Вини.“
Нејзиниот тим инсистирал гласачите за Оскар да го гледаат филмот, а била единствена Американка во категоријата, па можно е да биле поделени гласовите за неамериканките. Не дозволи фактот што победата беше контроверзна да ја сопне, напротив - се шегуваше за тоа и во СНЛ.
Еве и од блескавите моменти: