Трансформацијата на Ребека Блек

Ви текнува на една песна „Friday“, од 2011, со едно девојче што пееше за излегување со друштво? Па, стана меме, па немаше човек на интернет што не кажа доскочица за песната, па критики, па „најлошо нешто евр“, па смртни закани на малолетно дете, па историски бројки на дислајкови на Јутјуб? Е па, Ребека Блек е уште жива, активна и - поинаква.

Да тргнеме едно нешто на страна - песната и спотот беа посебен тип на ужас, а излезени во време кога светот не беше толку освестен дека коментар напишан од зад безбедносниот ѕид на екрани и тастатури навистина допира до човекот кон кој е упатен.

Сепак, и покрај отровите исфрлени кон неа, или едноставно - во етер, чудесно, Ребека Блек успева психички да издржи и да продолжи со музика.

Да изгледа вака:

Гостуваше кај Џеј Лено, пушти нови песни и спотови, откри дека е квир и стана и квир-икона. Ја ангажираа дури и од Коучела.

18 мај 2022 - 12:22