Тоа на Ханибал Лектор му е маска против брчки

Некако одма на тоа ти текнува кога ќе ги видиш „средствата” против брчки, дупла брада и за затегнување... веѓи, или така нешто.

Клипот подоле е супер уметничко дело во однос на сценографија и режија, ако го игнорираш фактот дека е обично, сега модерно „пробување бизарни производи.”

Некој тоа решил да го искористи и да го дотера. И ги нашол вистинските луѓе за тоа, затоа што, тешко е да глумиш сериозна манекенка и да позираш како за насловна на Вог, со една идиотска справа за масирање нос, или маска буквално како извадена од фиока на Ханибал Лектор, што сака да каже дека е за брчки.

Сите производи ги има онлајн за сума помала од 20 долари и некои купувачи (да, Корејци) се крстат во нив.

Кое ви е најјако?

Уствари, најбизарно?

Можно е тоа пропелерот за вежбање мускули околу уста да е најглуп. Не, сигурно е најглуп:

17 декември 2018 - 10:41