Тематската, #MeToo ревија на Модната недела во Лондон

Имаше ревија на Николас Кирквуд во чест на #MeToo и ја отвори Роуз Мекгоуан.

Ревијата е за колекцијата на чевли за пролет/лето 2019, каде што Мекгоуан се прошета боса, со чизмите што ги покажуваше - во рака. Целиот концепт е со наслов „Хакирање и активизам”, и навлегува во теми како отпор, протест и жени кои го возвраќаат ударот. Сите модели, според The Cut изгледале стабилно, како чевли во кои жената може да работи. Самата ревија била „едно театарско искуство - моделите сите носеле бело и шетале пред огромен куп стари компјутери и телевизори со растрепкани екрани.”

На ревијата, која на Мекгоуан ѝ е прва, таа зборувала со Гардијан за минатава турбулентна година:

„На сите им изгледаше премногу брзо, но мене сè ми беше бавно,” вели таа на тема обвинувањата што ги упати кон Харви Вајнстин (беше меѓу првите кои го обвинија за силување и не му се тргна од врат ни него, а ни на другите обвинети). „Долго беше. Благодарна сум што луѓето веќе размислуваат што е прифатливо, но беше неверојатна година.”

Според неа, #MeToo постигнува многу, но се уште „се движиме по тенка линија”.

Колку и да сака човек движење како #MeToo да ги подобри работите, не може а да не се запраша уште колку штета е способно да направи.

А еве ги моделите на Николас Кирквуд:

(И во овие ли може лесно да се работи?)

17 септември 2018 - 10:28