Пејачката никогаш не ја штедела јавноста од сопствената искреност - има зборувано за врски, ментално здравје, злоупотреба на супстанци - па, затоа и не е некое изненадување што и последното интервју ѝ е полно со пикантерии.
Една таква е кога поминала една вечер кај Тарантино дома. Тогаш била во врска со режисерот Пол Томас Андерсон, со кој почнала да се гледа во 1997 година, а биле заедно три години. Епл ја памти таа „една претешка вечер“ кај Тарантино која предизвикала засекогаш да го батали кокаинот, кога била принудена цела ноќ да ги слуша Андерсон и Тарантино како се фалат.
„Секој зависник треба да биде заклучен во приватно кино со КТ и ПТА на кокаин и никогаш нема да сака повторно да земе.“
Потоа ја опишува врската со Андерсон, кој има режирано спотови за нејзини песни, а таа има напишано музика за неговиот филм „Магнолија“. Иако врската им била со креативни соработки, сепак ја памети како „болна и хаотична“, полна со критика и незадоволство. Фрлал столици по соба кога изгубил на Оскарите во 1998 и тогаш се свестила дека „ова не е добра врска“. Во друг инцидент, ја исфрлил од кола на тротоар.
Не го штеди ни бившиот партнер, Луи Си Кеј, разочарана што без проблем се вратил на комедија. Неговите шеги ги опишува како параван за насилно однесување и расправа дека ако не е способен за самокритичност, едноставно е бескорисен.
„Се тресам кога морам да размислувам и да пишувам за себе,“ има пишано за Си Кеј во текст за Њујоркер. „Страшно е да се оди до таму, но јас одам. Тој е толку СЛАБ.“