„Погрешно работиме со диверзификација затоа што мораме да вклучиме човек од секоја можна раса, од секој можен бекграунд, и секој можен дел од човечкото искуство, во секоја серија и во сè што правиме,“ вели тој. „Тоа не е реалност и не е автентично. Никогаш не сум растел со група другари каде што имало по некој претставник од секоја етничка група. Не знам ни кој растел така воопшто.“
Ваитити е од Нов Зеланд и ако некаде било и најмалку можно такво искуство, тогаш тоа е таму - а немал.
„Треба да почекаш да дојде Кинезот, па црнецот… Значи, тоа не постои, ме разбирате? И интересно е да се види еднаш-два пати, но тоа не го рефлектира искуството на луѓето.“
Холивуд веќе неколку години забегува (и тоа трапаво) во бркање на овие трендови и резултатот е изнасилени, лажни и нереалистични ситуации.