Се разбира, привлечен, интересен и ќе го гледаме филмот, ама многу бизарен. Како што кажува ај-ди.вајс, знаевме дека ќе биде чудно уште кога излегоа слики од Барби и Кен во ултра-шарено, ама не дека ќе биде до толку.
Филмот кој инаку врие од ѕвезди, го буни и фасцинира светот цело време. Еден од прашалниците е како побогу успеавте да ја убедите режисерката на Женички со номинација за Оскар да режира филм за кукла што со години се обидуваат „озбилните“ да ја поништат? Самата Гервиг го помислила тоа и кажува дека во еден момент си рекла „Ова може да ми ја заврши кариерата,“ што всушност и ја натерало да го потпише договорот.
Веќе знаеме дека Барби и Кен се Марго Роби и Рајан Гослинг, ама не се само тие привлечни во проектов - Вил Ферел и Кејт Мекинон ќе прават нешто, исто и Америка Ферера, Мајкл Сера и Дуа Липа.
Во камео, како уште една Барбика требала да се појави и Серсе Ронан, бидејќи живее во Лондон и има соработувано со Гервиг, но не можеле да се погодат со распоред, за што ѝ било многу криво.
Филмот доаѓа на 21 јули, 2023.