Сте слушнале ли за експериментот со лузната на лице?

Научник собира десет доброволци за специјално психолошко истражување со наслов „Експериментот со лузната“. Ги одвојува сите десет доброволци во десет коцки простор, без огледало и им објаснува дека целта на истражувањето е како луѓето реагираат на непознат со физички деформитет како лузна на лице.

Со холивудски мејкап трикови, им цртаат реалистични лузни на левиот образ. На сите им ги покажуваат со мало рачно огледало, па го тргаат настрана.

Крајниот чекор е кога ќе им кажат дека треба „малку да ја досредат“ лузната, за да не се размачка, а всушност ја бришат комплетно, и доброволецот останува со чисто лице.

Не им кажуваат и ги пуштаат во јавност уверени дека се шетаат со лузна. Ги праќаат во различни чекални по ординации со инструкции да внимаваат како луѓето реагираат на нивната „лузна“.

После договореното време, сите десет доброволци се враќаат назад со истиот извештај. Забележале дека луѓето биле погруби со нив, не биле љубезни и зјапале во „лузната“. Им било незгодно да зборуваат со нив, не можеле да го тргнат погледот, такви работи.

Заклучокот е дека преокупирани со нашите недостатоци (физички и секакви), често претпоставуваме дека на луѓето им се одбивни колку што ни се и нам. Уверени дека имаат лузни, испитаниците секоја интеракција ја перцепирале како негативна - интеракции кои би поминале сосема незабележано ако биле свесни дека немаат ништо на лицето.

Реалноста е дека повеќето луѓе едвај и го забележуваат она што нам ни се чини дека ни фали. Затоа што нашите недостатоци нè обземаат, со другите се однесуваме како да не нè одобруваат. Односите со луѓето во голема мера ни зависат од тоа колку се прифаќаме себеси.

21 јули 2023 - 13:09