Сте чуле за патиките на Епл?

Во ’90-ти, Епл нарача патики за своите вработени, се разбира во ограничени количини.

Нема ни доволно фотографии од нив, а сега се ултра-вредна класика - еден пар конкретно на аукција се продаде за 15.000 долари.

А пред некое време, во случај да пропуштивте, главниот дизајнер на Версаче за патики, објави слика од патиката на Инстаграм, суптилно укажувајќи на тоа дека може на светот да му се случи, овој пат во не толку ограничени количини.

А на овие патики, логото на Епл е заменето со логото на Версаче со виножито-амблем.

Се разбира дека не даваат доволно информации. Никој не знае дали ќе биде пак само за вработени, дали пак ќе ограничат само на одредени места како општата фрустрација со Москино или баш ќе ги гледаме по продавници.

„Еден мудрец еднаш не рече ништо,” пишува во коментарот.

Добро, ќе почекаме.

20 ноември 2018 - 12:34