Гледачите ја очекуваат шестата сезона со страв, бидејќи дејствието е дојдено до владеењето на Елизабета II во 21-от век, а застана додека Дајана беше сè уште жива во 5-та сезона. Се знае што следува, но продуцентите ветија дека трагедијата ќе ја решат со вкус и внимание.
На фестивал во Единбург, извршната продуцентка Сузен Меки на публиката ѝ рече:
„Серијата може е голема и бучна, но ние не сме... Ние сме внимателни и чувствителни луѓе. Имаше многу внимателен, долг, долг, долг разговор за како да се изведе тоа - и се надевам, дека публиката ќе даде суд на крај, но мислам дека е деликатно и со внимание решено.“
Елизабет Дебики која ја играше Дајана во 5-та сезона, за што доби и Еми-номинација за исклучителна актерка во споредна улога во драма, ќе ја повтори улогата во шеста сезона. И според Меки, самата таа внимателно го изиграла сето тоа, со огромна почит и од неа и од сите, што се надева дека ќе биде и очигледно за гледачите.
Откако почна во 2016, Круната има освоено над 60 Прајм Тајм Еми номинации и блескави критики, иако некои гледачи ја критикуваат за историски неточности.
Види и:
„11 неверојатни приказни за Принцезата Маргарет“, чиј лик е фантастичен дел од серијата, сосе актерките што ја пренесуваат на телевизија.