
Осумнаесет години подоцна, верзијата на Витни Хјустон станува најпродаваниот сингл од пејачка во историјата на снимената музика и сите пари одат кај жената што успеа да си ги задржи авторските права. А од богатството од кое полковникот Паркер сакаше да ѝ земе половина, инвестираше во канцелариски комплекс во црно соседство во Нешвил, во чест на Витни и го викаше „Куќата што ја изгради Витни“.
Елвис секако уште ја сакал песната - Присила Присли подоцна ѝ кажала на Доли дека ѝ ја пеел на скалите пред судот после разводот.
Доли Партон почина вчера, во Нешвил на 80 години. Светот веќе знае дека беше американско национално богатство, но постои една страна од Доли, една опасно јака, тивко радикална личност, скриена пред очите на јавноста, во штикли со штрас, токму каде што сметала дека треба да биде.

Родена е во 1946, во колиба со една соба во Локуст Риџ, Тенеси, како четврто од 12 деца, со татко кој бил неписмен земјоделец. На докторот што ја породил мајка ѝ му платиле со вреќа пченкарно брашно. Мајка ѝ ѝ сошила палтенце од крпи, децата во школо ја исмејувале и тоа го претворила потоа во песна на која и возрасни плачат.
Се упатила во Нешвил ден откако матурирала. До 21 година веќе настапувала, а до 28 веќе го имала надраснато шефот што не сакал да ја пушти да си оди. Него му ја напишала I Will Always Love You, за збогум, а истиот ден вели дека ја напишала и Jolene. Повеќето уметници немаат ни два такви хита во цела кариера, Доли има два во една вечер.
Светот помина 60 години потценувајќи ја и таа го имаше испланирано тоа. Не се вреѓаше од вицеви за глупи плавуши, затоа што, како што кажа, „не сум глупа, а не сум ни плавуша. Многу пари чини да изгледаш вака евтино.“
Во меѓувреме напиша 3000 песни и ги задржа правата на својот каталог, во индустрија изградена баш тоа да им го краде на луѓето. Сериозни бизнисмени влегувале на состаноци со неа и излегувале со потпишани документи какви што таа им налагала да потпишат.
Со 9 to 5 на американските вработени жени им даде химна, а потоа, презема измачен забавен парк во Севиер Каунти во 1986 и го претвори во Доливуд - една од најпосетуваните атракции и најголемиот работодавач во округот.
Во 1995 отвори библиотека во чест на татко ѝ кој никогаш не се описменил, од каде што бесплатна книга се испраќа кај секое запишано дете, секој месец, од раѓање, до 5-годишна возраст, безусловно. Досега имаат испратено 300 милиони книги, децата по свет ја знаат како Тетката со книгите и има кажано дека татко ѝ најмногу со тоа се гордеел од нејзините успеси.
Во 2020 даде милион за медицински истражувања, и помогна да се поддржи финансиски една од вакцините. Три пати одби медал од двајца различни претседатели, затоа што не сакаше да биде политична, а „сосила“ ѝ направија чест да ја вбројат во Rock & Roll Hall Of Fame, каде што на крај сепак прифати и настапи. Одлучила пред години дека работата ѝ е да сака луѓе, сите да ги сака и тоа гласно и таа одлука ја извршувала со истата дисциплина како кога требало да ги заштити авторските права.
Нејзиниот сопруг Карл почина лани после речиси 60 години брак, кој беше толку приватен што многумина не знаеја ни како изгледа. Таа отиде по него 17 месеци подоцна. Од семејството побараа наместо цвеќиња, да се донира во нејзината Imagination Library, што значи кој сака да ја жали Доли, треба да стави книга во поштенското сандаче на некое дете. И тоа го имала испланирано.
Што значи - следниот месец, некое дете во Тенеси, Шкотска или Австралија ќе отвори сандаче и ќе најде книга од Доли. Затоа што таквите жени не запираат само затоа што преминале во друг свет.
Девојчето во палтенце од крпи на крај владееше со светот и ниеднаш не направи компромис од себе.
Почивај во мир, Доли. Засекогаш панк.