Во неделата, жртвите што жените понекогаш ги прават за да ги поддржат партнерите добија еден неудобен простор пред камера.
„Вистинската поддршка доаѓа од дома,“ рече Доналд Силвестер, кој наградата ја доби за миксање на тон за филмот „Форд в Ферари“. „Па, сакам да ѝ се заблагодарам на жена ми со која сум во брак 34 години, и која се откажа од нејзината кариера во монтажа за јас да можам да градам кариера. Но, ги израсна децата, и тоа одлично, ниедно не е политичар.“
И поради времето во кое живееме, публиката не беше баш сигурна како да реагира на оваа информација. Имаше мал аплауз, па нагло престана, што не е ни за изненадување - едно е да се откажеш од кариера затоа што ти така сакаш, а друго е да се откажеш „за некој друг да може да брка работа“. Го спаси Силвестер незгодното со шегата за политичарите, ама горчливиот вкус остана.
И него му е тоа толку нормално и океј, што не му е ни прв пат вака да се размуабети на истата тема - во едно интервју пред две години, дури кажува и дека жена му го вовела во бизнисот. Таа веќе работела монтажа, тој музика, му рекла дека ќе се вклопи во филмската индустрија, и излегува дека е точно, само што, по која цена?
Глупо е да се шпекулира за динамиката што ги довела до оваа одлука, затоа што можно е и двајцата да биле пресреќни со новонастанатата ситуација, ама јавноста баш и не е воодушевена, особено затоа што овој говор придонесува кон културолошкото нетрпение насочено кон идејата дека жените треба да ја поддржуваат кариерата на нивните партнери на сметка на својата.
Заклучокот е дека сѐ додека индустријата (која и да е) не почне да прави вистински чекори за да им помогне на вработените родители, родовата еднаквост ќе трпи. А во филмската, соодносот на мажи и жени е 5 спрема 1, според еден извештај од 2018, што значи дека има еден куп талентирани жени чии дела светот ги пропушта.