Што значи да страдаш од трауматски стрес „од втора рака“?

Второстепен или посреден пост-трауматски стрес е термин за емотивниот товар од кој страда професионалец кој слуша или гледа траума кај пациентот. Проблемот е што не е ограничено само на здравствени професионалци.

Влијае и на пошироката популација, вклучувајќи и лица со лична поврзаност со некој што доживеал траума. Се случува кога некој што самиот имал трауматично искуство, или има историја на траума ќе биде изложен на трауматичните искуства на другите. Ова предизвикува емоции на стрес, мисли и реакции слични на оние што се искусуваат при личната траума и во ваков случај, лицето може да има претерана реакција на проблемот.

За второстепениот трауматски стрес важат истите симптоми на „умор од сочувство“, што е слично нарушување. Зборуваме за чувство на изолација, анксиозност, дисасоцијација, физичка болка, проблеми со спиење, збунетост и беспомошност. На многумина ова може да им се чини како секојдневие на личните проблеми, но вакви интензивни и пролонгирани чувства може да се квалификуваат како ВТС.

Феноменот не е нов - како концепт постои неколку децении. Има повеќе истражувања, бидејќи први на удар се професионалци од областа на психологијата, здравството и социјалната работа. Пандемијата само ја влоши ситуацијата - изврши сериозен удар на колективното ментално здравје и почесто се случуваат дијагнози на ВТС токму поради тоа.

Решението го споделува една искусна социјална работничка што советува трауматизирани американски воени ветерани:

„Учиш да носиш оклоп,“ вели таа. „Никогаш не се дистанцирам во моментот, чувствувам голема емпатија, но оставам на тоа. И тоа е некаков баланс.“

1 септември 2023 - 00:00