Додека ние стоиме во ДМ со кармин во секоја рака и се туфкаме зошто сме толку назад и Фенти нема испорака до Македонија (а до Србија има, пу), жените во Северна Кореја се принудени да криумчарат и наједноставни сенки за очи и сјаеви, под закана дека ако ги фатат - ќе ги мачат. Не, не онакво мачење џандари да ти се курчат во станица, него - мачење. И ги фаќаат и стварно мораат да го поминат истото за кое што нивната пријатна власт ги предупредила дека ќе им го направи.
Затоа и една девојка решава да си го ризикува животот за една навидум банална алатка за слобода - шминка.
Кој би рекол дека баш тој инат ќе ги претвори во движење на отпор? Следниот пат кога ќе се запенавите дека шминката е глупа, дека луѓето што користат шминка се празни, а разубавувањето укажува на плитка личност, размислете уште еднаш.