Што значи беж знаме, наспроти концептот на црвено знаме?

Прво - red flag - кај нас одговара како „црвена тревога“, а во поп-културата се користи за да кажеш дека некој е проблематичен, дека одредено однесување му е red flag, дека самиот е едно големо red flag. Да речеме, ако е фин со тебе, а се дере и вреѓа келнери тогаш тоа е red flag. Ама што ќе му дојде беж flag?

Второ, има и green flag, или однесувањата и луѓето што дефинитивно треба да си ги држиш блиску до себе - green flag е застанување на пешачки, емпатија, грижа за луѓето околу себе.

А беж?

Според експерти за врски, беж знаменца се карактеристики или навики кои те тераат да му превртиш очи на партнерот. Ова е опис за чудните навики што ги има, а не мора да значи дека заради нив треба да ја прекинеш врската. Не се ни добри, ни лоши, едноставно ги има - може дури и интересни да станат. На ТикТок се спомнуваат беж знаменца од типот дечко што го стишува гласот кога ќе помине покрај драјв-тру за кафе или храна (и упорно тврди дека не е така), или нечиј свршеник што толку мрази тишина во друштво што гугла „прашања за парови“ и поставува бесмислени и интимни прашања во соба полна народ. Едно од сведоштвата се ѝ за дечко што секогаш лажно ја запросува девојка му кога треба некој да ги слика. Што е многу јако.

Популарноста на овој концепт е сѐ поголема затоа што е лесно да се пронајдеш, ведро е, не е тешко за дискутирање и сите споделуваат по нешто врзано за него. Станува забавен и лесен начин да се почне разговор со потенцијални партнери, дури и да ѝ даде на личноста спорти тебе слика за тоа каков си.

Имате вие беж знаменца?

26 јули 2023 - 15:43