Што се случува кога секој ден пиете кафе?

Кафето е многу повеќе од навика на почетокот на денот - има антиоксиданси и неверојатни придобивки за здравјето.

Освен што дава енергија и создава редовност во исфрлањето на токсините од организмот, го подобрува и расположението. Според една студија од 2019 година, здрави возрасни луѓе покажувале подобрување во расположението 30 минути по внесување кофеин.

Некои истражувања храбро заклучуваат дека го намалува ризикот од Алцхајмер - има биоактивни соединенија на полифенол кои поддржуваат одредени аспекти од нашето здравје, каде што спаѓа и здравјето на мозокот. Има и докази објавени во 2021 дека конзумирањето кафе може да се поврзе со намален ризик од развивање на некои невродегенеративни состојби како Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и деменција.

Понатаму, самиот чин на пиење кафе може да го подобри здравјето на срцето, дури и на тироидната жлезда.

Потенцијални ризици постојат - дури ни кафето не е совршено. Така, истражувања покажуваат дека претерување со кафе може да го зголеми ризикот од анксиозност, нарушувања во спиењето и лош апетит. Според други конзумацијата може да се поврзе со негативни ефекти на здравјето на коските, но ова не е доволно истражено.

Непријатно е што се поврзува со компликации при бременост, што значи дека бремените жени задолжително треба да се консултираат со лекар околу пиењето кафе, а истото важи и за луѓето со висок притисок - некаде викаат дека е штетно, но доказите не се доволни, а реакциите на кафе варираат кај различни луѓе.

И на крај, зависност: Кофеинот е стимуланс и тие што редовно го внесуваат преку чај или кафе, можат да развијат физичка, емотивна и психолошка зависност, дури и симптоми на повлекување ако престанат, со главоболки и други непријатности.

Најздраво е да се пие црно, без додавање млеко и шеќер, или ако морате - потрудете се да биде минимално. За повеќето возрасни луѓе, во ред се 3-4 шолји дневно и можат слободно да бидат додадени како дел од здрава исхрана.

6 септември 2023 - 00:00