Што правиш кога ќе изгубиш невиност на 37? „Да пукне”, се разбира

За една девојка, невиноста веќе станува товар со оглед на тоа што во 2019-та треба да наполни - 38 години.

Либи (не е тоа вистинското име, се разбира), ова време лани, годината ѝ се чини залудно потрошена затоа што - сè уште е девица.

Нејзината приказна е битна, затоа што уште откако ја споделила со Гардијан во јуни, се појавиле повеќе луѓе со изјави дека и нивниот сексуален живот започнал после 30-тата, што дошло како охрабрување и за останатите од слична категорија, да не губат надеж.

Либи се заветила дека 2019 ќе биде поинаква. Ги сменила лековите за анксиозност и депресија во подобри, се пријавила на онлајн состаноци и оптимистички ја гледала иднината.

Љубовниот живот ѝ бил на пауза, поради стресови на работа и дома (како и на многу луѓе, ама па успеваат да најдат време?), а 38-миот роденден се ближел - „немав баш одредено рок, но ми се чинеше значајна возраста,” вели Либи.

Во еден момент, разговарала со пријател кого го запознала преку таков дејтинг сајт. Се договориле дека не се романтично компатибилни, ама продолжиле да се дружат, па, како секој добар другар, ја прашал „до каде е со мисијата” и уредно „се понудил да ѝ помогне”.

Ама не бил ич сељак. Долго разговарале за очекувања, за сè што може да се случи и за како треба тоа да се изведе. „Правилото беше да бидеме сосема искрени.” Не кажала на никој, дури ни на тие што знаеле дека е девица.

Кога дошол денот, била „анксиозна до небо”, но резултатот сепак излегол фантастичен. „После славевме, направивме да пукне и не можевме да престанеме да се смешкаме.”

Ама се разбира дека на неполни 38 ќе правиш да пукне после секс, ако ти е прв. Да не ќе се преправаш дека си премногу кул за таква работа?

Сите се радуваме за Либи.

„Веднаш ми беше полесно,” раскажува Либи, „многу ми олесна што веќе никому не треба да кажам дека сум девица. Беше како товар што го носев со себе. Навистина се чувствувам физички полесна.”

И со другарчето уште повеќе се зближиле, после „прекрасниот подарок”. А, негодува на коментарите од типот „ајде де, големо чудо”, што тврди дека се штетни, особено за машки, од кои се очекува сè да знаат и да бидат спремни.

Либи вели,

„Некој ми кажа дека тоа е многу врева за ништо, но менталната тежина што ја носев со себе не беше ништо. Уште имам самодоверба и искуство за стекнување, но барем можам да се надевам дека секоја година ќе биде подобра од претходната.”

Наравоучение: Не губете надеж, никогаш не е касно. Ама не се заборавајте, ако може.

Да пукне.

13 декември 2019 - 14:19