Што ќе се случи кога ќе умре Кралицата?

И тоа иде, да. Лонг лив, нели, можеби за дваесет, триесет, пеесет години, ама ќе дојде.

Интересно е кога ќе помисли човек дека само едно единствено скршнување во нечиј туѓ живот ја носи Кралицата Елизабета до животот што го има сега. Само една Волис Симпсон треба да се разведе втор пат, да го сретне чичко ѝ на Елизабета, и одеднаш нов тајмлајн - одеднаш е прва наследничка, одеднаш Чарлс, Дајана, Вилијам, Кејт, Џорџ, Шарлот... Замислете колку тоа можеше да биде поинаку.

Без забегување, никој, особено не поданиците, не сака да зборува за тој ден. А има цела една тајна операција - Лондон Бриџ, со детално разработен план по денови и сите знаат до детаљ што точно треба да прават.

Еден спојлер: Не доаѓа Вилијам директно после нејзе, како што имаше муабет едно време - доаѓа Чарлс. Што би ја направило Камила можеби кралица. Ќе видите.

Прво што треба да се направи е личниот секретар на Кралицата да го информира британскиот премиер дека, и видете колку језивко звучи: London Bridge is down.

Пред да дознае јавноста, дознаваат heads of states. После тоа дознаваат главните на сите држави во Комонвелтот.

После нив, 37-те нации каде што сè уште важи за главна политичка фигура.

На крај, дознаваат локалните, па потоа и светските медиуми.

И тогаш - јавноста.

Двете куќи во Парламентот се очекува да се соберат во рок од неколку часа, па вечерта откако ќе почине мајка му, Чарлс треба да се обрати на народот како нов Крал.

Ама ова сè во случај да умре во Лондон.

И ова сè е само за првиот ден.

А тука е и Брегзит.

2 октомври 2018 - 14:12