Кога Били Ајлиш добри награда од Варајети лани, во обраќањето го спомна овој феномен, синдром на внатрешна мизогинија:
„Тешко е да се биде жена денес, дечки. Никогаш вистински не сум се чувствувала како жена. Некоја година и поради таа несигурност бев многу „јас-јас“ девојка. Си викав не сум јас како другите девојки, затоа што не правам така и така, а сега не го поднесувам тој период затоа што сум многу позаинтересирана да бидам баш како другите девојки затоа што другите девојки се супер и обожавам жени.“
Зошто е проблем да се биде pick-me girl?
Затоа што буквално потценуваш и отфрлаш други жени за ти да изгледаш подобро во очите на другите, и тоа е сексистичко и дискриминирачко однесување. Се работи за интернализирана мизогинија (според социолози) и не само што е анти-женски, туку има и внатрешен проблем: не е фер ни да им кажуваш на жените дека се такви. Понекогаш, некој се однесува на одреден начин затоа што е навистина таков и нема смисла да носиш заклучоци дека тоа го прави само за да им се допадне на другите.
Гледајте вака на тоа: Секое движење што ќе троши енергија на битки каде што и двете страни се оштетени е осудено да пропадне, затоа што моќта лежи таму каде што одреден број на луѓе заедно функционираат. Внатрешниот сексизам е начин институциите да одржуваат статус-кво, да ги тераат жените и понатаму да се критикуваат меѓу себе и да се борат за некаква перцепција на лимитирани ресурси, наместо да се здружат за поголемо добро. Што значи, без разлика што не ги сакаме ваквите девојки и жени, нема потреба да се напаѓаат, колку што има (огромна) потреба да се крене свеста за ова однесување.