Шест основни чекори за нега после 30

Откако ќе наполниш 30, веќе почнува да се гледа некоја разлика. И да, по некоја ситна линија во замена за збеснатоста од дваесеттите е во ред, ама фино е да се старее добро.

Дерматолозите објаснуваат дека кога ќе стигнеме до 30, кожата минува низ транзитивна фаза - производството на клетките на кожата забавува и можат да се забележат ситни линии, губење на волумен и повеќе пигментација од сонце. Овој период опаѓаат и колагенот и еластинот и почнуваат првите брчки онаму каде што движењата на лицето најчесто се повторуваат.

Препораката е прво консултација со дерматолог, за да се одредат најдобрите состојки за вашиот тип на кожа, а во меѓувреме да се почне со неколку основни чекори.

1. Не го прескокнувајте чистачот
Веќе не е доволно да се избрише лицето со влажни марамици - треба нежен чистач секоја вечер (и утро, ако имате масна кожа), бидејќи е клучен за отстранување нечистотија, вишок масла и шминка од кожата. Помага да се одржи чисто платно за останатите производи што следуваат и спречува запушени пори, кои потоа водат до проблеми.

2. Додајте нежен тонер
Зависи кого ќе прашате, ама мислењата за тонер (дали воопшто ни треба) се поделени. Ако имате буџет, ќе ви направи еден буст на режимот за лице. Ја смирува кожата после чистење со неколку капки.

3. Време е за ексфолијација
Ако не сте правеле до сега, време е да почнете. А ако сте почнале, зачестете со два пати неделно за да ги отстраните акумулираните кожни клетки кои се главен виновник за губењето на сјајот на кожата. Повремено се препорачува и хемиски пилинг.

4. Пробајте (и држете се до) ретинол
Оваа состојка не е само „ако сакаш“, меѓу најпрепорачуваните е - ретинолот или ретиноидите се најефикасни за одложување на стареењето. Функционира на два начини - ја забрзува размената на клетките и го го зголемува производството на колаген, а резултатот е помазна кожа со тек на време.

5. Бидете досадни со СПФ
Ќе беше супер и во 20-те да бевме вака опседнати со СПФ, ама ова е сосема друга декада по тоа прашање. Се носи секојдневно, и на облачно и на врнежливо.

6. Крема за очи
Очите се први што покажуваат знаци на стареење и се препорачува крема за очи што содржи ретинол, хијалуронска киселина или кофеин. Сепак, и за овој производ има дилеми - дали се работи само за погуста обична крема за лице? Види тука.

И никако не ги заборавајте вратот, деколтето и рацете.

20 јули 2023 - 11:15