Шер ќе добие биографски филм

Или, ако сакате, ние ќе добиеме биографски филм за Шер.

Со емоџи - дух, торта и двоен извичник, Шер го најави долгометражниот филм за нејзиниот живот. Ќе го работи Универзал, а ќе биде хроника на личната историја на Шер, како и нејзината неверојатна кариера како пејачка, актерка, тв-лице и уште многу други ставки во CV.

Иако не се знае многу за проектот што уште нема ни наслов, Дедлајн ја опишува продукцијата како „многу труд и опасни фаци“, и објави и список на некои од ангажираните. Оскаровецот Ерик Рот ќе го работи сценариото (негови се „Форест Гамп“ и „Sвездата е родена“, на пример), а меѓу продуцентите е Џуди Крејмер, генијалниот и лукративен ум зад идејата да се земат песни од АББА и да се направи мјузикл - Мама Миа!

Шер ја запознава на снимањето на вториот дел.

Крејмер за Дедлајн вели,

„Воодушевени сме што повторно ќе работиме со Шер, овој пат со нејзината моќна и вистинска животна одисеја на големо платно. Човек не може, а да не биде магнетски привлечен и инспириран од нејзиниот вонсериски талент, сила, уникатен ум, топлина и визија. Нејзиниот ненадминат успех во музиката, филмот и телевизијата инспирира генерации луѓе. Многу сме среќни што ќе ја раскажеме нејзината приказна на публиката.“

Ќе биде тешко да се гледаат годините со Сони, како што беше тешко да се гледаат годините на Тина со Ајк во What’s Love Got To Do With It, ама ќе вреди.

26 мај 2021 - 10:47