Сега има Кентаки Фрајд Чикен Крок папуча и не знаеме што да мислиме. Мајтап е? Сериозни се?
Никогаш репликата „My eyes! My beautiful eyes!“ од Симпсонс не била поприкладна.
Очигледно не е мајтап и е најозбилна соработка затоа што имаат и цена - КФЦ кроксите можете да ги набавите за 59.99 долари, во сите големини, а ќе бидат достапни за некој месец.
Инаку, ако баш сакате да знаете, ѓонот е тоа што треба да личи на кофа, а копанчињата прикачени на нив навистина ќе мирисаат на пилешко. Бидејќи уште од почетокот на светот, отсекогаш сме сакале стапалата да ни мирисаат на пилешко, а кога ќе прекрстиме нога во близина на соговорникот на кафе, да му текне дека нешто му се јаде КФЦ.
Има и варијанта на топуци.
„Како што Крокс продолжува да создава нови и неочекувани соработки со брендови, се радуваме на ова партнерство со Кентаки Фрајд Чикен што на фановите им носи неверојатно забавна и модерна варијанта на класичната кломпа,“ гордо вели Теренс Рајли, еден од главните во Крокс.
Сериозни биле.
И? Фешн стејтмент или глупости?