
Кај Оливија Родриго, според извори од индустријата, постои клаузула што го ограничува јавното романтично експонирање, затоа што нејзиниот „heartbreak“ наратив е дел од брендот што ја направи глобална сензација. Во ваков контекст, приватниот живот станува продолжение на маркетинг стратегијата, а автентичноста внимателно менаџирана категорија.
Џена Ортега ја потпре крариерата на препознатлива готска естетика, на пример. Само што, конзистентноста на стилот, според гласините, е обврска што произлегува од договор - визуелниот идентитет не смее лесно да се менува затоа што токму тој ѝ носи препознатливост и комерцијална вредност.
Физичките карактеристики исто така влегуваат во договорите. За Џејкоб Елорди се зборува дека неговата висина се „прилагодува“ во документи за да се одржи визуелен баланс со партнерките на екран. Тимоте Шаламе мора да внимава на одржувањето на специфична телесна тежина како наводен дел од професионалните обврски - што значи дека неухранетиот изглед му е дел од внимателно одржуван бренд, а не само личен избор.
За Хантер Шефер велат дека потпишала договор што ѝ брани да ја менува фризурата подолг период, со што визуелниот идентитет останува стабилен и лесно препознатлив. Во раната фаза од кариерата, Били Ајлиш имала клаузула за широка, вреќеста облека - начин да се избегне прерана сексуализација и да се зачува мистеријата како дел од јавниот имиџ.
На Ања Тејлор Џој осигурувањето ѝ забранува екстремни спортови, со цел да се минимизира ризикот за скапи продукции. Кај неа, телото не е само приватна сопственост, туку и инвестиција што мора да се заштити.
Том Холанд има тим што ги одобрува неговите објави за да се избегнат откривања на доверливи детали од франшизи, а Сидни Свини наводно има обврска редовно да споделува содржини во кои следачите можат да се препознаат и така да одржува чувство на непосредност и блискост со публиката. На овој начин, автентичноста станува внимателно планирана рутина.
Некои ѕвезди, пак, добиваат поголема моќ. Зендеја има право да одлучува кој ќе ѝ биде колега, што ѝ овозможува влијание врз динамиката на екранот, а Флоренс Пју има клаузула што ѝ дозволува да снима неформални видеа, зачувувајќи дел од својата спонтаност резервирана за по дома како дел од внимателно изграден јавен профил.
И ви текнува како го зезаа Остин Батлер дека заглави со акцентот на Елвис и долго откако заврши снимањето? Е па, во договорот му било.
Човек да се запраша во кого тоа гледаме ние.