Она што значи „убаво“ во поп-културата постојано се менува: имаме изглед на машки тинејџер како мода во ‘20-те години на минатиот век, па Мерилин Монро, па Твиги во ‘90-те, за сега да живееме во време на „секси облини“.
Сега, се појавува паника дека тоа што фармерките повторно се со низок струк, популарноста на пилатесот е во пораст, а Ким Кардашијан слабееше интензивно за фустанот на Мерилин, значи дека таргетот повторно е една ограничена демографија: слабите жени.
Потрагата по совршено тело е бескрајна и дури и во ова боди-позитивно време, жените се под притисок за козметички разубавувања. Но, во денешниов случај, ултра-слабата фигура е невозможна за мнозинството луѓе и некои експерти се плашат дека трендот само ќе го зголеми незадоволството од „боди-имиџ“.
Инаку, не секоја култура го вреднува слабиот изглед - има полинезиски заедници кои ценат поголеми тела како симбол на здравје и убавина. Експертите велат и дека пилатесот може да биде многу здрав, доколку се применува заради стекнување баланс и сила. Но, предупредуваат дека ни тоа, ни јога, ни балет не се за слабеење, туку за тонирање мускули, иако на социјалните мрежи ги третираат баш како за симнување прекумерна тежина.
Сега, стравот е дека со трендовите за вежбање, жените повторно ќе се вратат на броење калории, рестрикции со диети и претерување со вежбање.