Се утепаа од лажење коментирајќи производи за убавина

Како да препознаеш лажно ривју за некој производ?

Сѐ потешко станува да се верува на инфлуенсери и рецензии - сѐ е фотошопирано, сите користат филтри, сите добиваат пари, а големи брендови како Сандеј Рајли и тој на Кајли Џенер лажираат коментари од корисници.

„Ривјуата“ за производите за убавина знаат да бидат од голема помош и за корисниците и за индустријата. „Општо гледано, се делат на две: коментари од корисници и коментари од инфлуенсери и медиуми. Првите треба да се сирови, немонтирани кориснички искуства, но професионалните се често спонзорирани и имаат тенденција да бидат позитивни,“ велат од Есте Лондри (Есте Перална), анонимен колектив и издаица на целата индустрија. „Живееме во ера каде што илјадници инфлуенсери препорачуваат производи што се платени да ги промовираат, па корисниците главно се потпираат на искрени кориснички коментари на сајтови како Сефора за да направат донесат некакви одлуки.“

И како да ги фатиш дека лажат?

„Лажните коментари стануваат сѐ потешки за забележување и експертите често не се согласуваат околу тоа што треба да содржат - дури и имаат спротивставени мислења. Главно, ваквите коментари се позитивни и напишани од нови акаунти што немаат активност на друго место,“ објаснуваат од Есте Лондри.

„Исто така, се забележува по користењето на жаргонот на индустријата, или се фокусираат на адресирање или одговор на проблем со производот, или се повторуваат зборови и описи, или доаѓаат од секаде низ светот со печатни грешки, плус - претерано негативни коментари кои го напаѓаат брендот, наместо аспектите на самиот производ.“

Често се кратки. Треба да се пази и на неколку лажни фрази од типот, „обично не коментирам“, или „ми го смени животот“, или „чудо во шише“, „вреди за цената“, „свет грал“, „сѐ сум пробала“, „никогаш не пишувам вака за нешто“ и „верувајте ми“. Се разбира, не сите коментари што ги користат овие фрази се лажни, но сепак, истите тие се користат за да се воспостави доверба и легитимитет. Лажноста се гледа и кога се кратки, но со пет ѕвезди - „одличен производ“, „супер“ или „прави тоа што пишува на кутијата“. Кога се работи за нега на кожа, пазете се од тврдења за „инстант“ успех или „преку ноќ“. И добар хак е да читате коментари со од 2 до 4 ѕвезди, за поголема автентичност.

23 март 2020 - 12:35