Се дотеруваме за излегување во 7 век, Британија

Бидејќи ова време е предалеку, податоците што ги има денешниот свет се должат на археолошки откритија на сочувани парчиња облека, накит и додатоци, многу интересни за споредба со тие што ги имаме денес.

Цели 14 века се поминати од волнените и ленените кошули што ги облекувале Англо-саксонските жени. Во видеото подолу се работи за свечена, шарена облека за важен погреб.

Тоа е тоа ужасно време што само на филм сме го виделе и можеби по некакви скици од научници што се обиделе да го доловат за трудови. Калови, болештини, распашана команда и - мода.

Богатите можеле да си дозволат дури и увозни материјали, но обичните и сиромашните ткаеле сами од лен и волна - кошули и наметки, кои полека добивале форма со брошеви (замисли да имаш брош од 7 век!), торби за околу струк, покрај кој висел и клуч кој можеби го покажувал статусот на жената во општеството (како на пример дека се грижи за домаќинство). Чевлите им се закопчувале со шноли или врвки и имале велови што се прицврстувале со игли или ленти. Како накит носеле нанижани алки и ѓердани, а монистата наредени без некој посебен ред и естетика укажуваат на тоа дека се ределе во рамки на подолг период, како што се наоѓале или добивале, или ако сакате Пандора од 7 век.

И после доаѓа христијанството да досаѓа со својата скромност во изгледот, па и оваа мода се менува.

21 септември 2021 - 09:53