Роденденска покана од жанрот „Само вие ли имате дете?”

Без разлика што способноста за размножување е во човечката природа, некои луѓе мислат дека им следува повеќе тинтрање, затоа што го поминале и тоа.

Таков е случајот со едни родители, чија што покана за роденденот на нивното дете се рашета по интернет од што е језива, а ситуацијата е веројатно следна: и двајцата веројатно биле природно иритантни, па се нашле, па иритантноста се мултиплицирала, па добиле дете, па станале еве вакви (преводот подоле):

Има тука една нишка на практичност, не дека не, ама има ли смисла до толку да се тупи?

„Се ближи роденденот на Х (детето), и би сакале да ве замолиме за 4 работи кои навистина ќе ни користат во наредниве месеци. На мајка ми и снаа ми им дадов список со 4 други работи кои би ги сакале за роденденот, за да можат тие да купат од нивниот список и да нема дуплирање. Бараме поклони само од бабите и дедовците и директните тетки, вујковци и чичковци за роденденот на Х, и слично како за Божиќ, ќе ограничиме на 2 работи во тотал по семејство.

Списокот за роденденот за фамилијата на Y (веројатно таткото?) е:

-масичка (и тоа конкретно оваа, заради начинот на кој функционира: линк)

-Тунел за играње (линк)

-Шатор за играње (линк)

-Книга: Fill in the missing Cheerios (линк)

Ако не сте во состојба да ги пронајдете овие работи, ве молиме кажете ни за да можеме ние веднаш да му ги купиме.

Сега иде јакото:

Уште неколку битни прашања:

-Ако решите да му купите на детето нешто што не е на списоков, без разлика дали е за празници или за родендени, ве молам секогаш да ги носите и сметките. Кога враќаме поклони без сметка, добиваме назад само 50 посто од сумата, и тоа е како фрлање пари, ако не ја донесете и сметката. Млекото нè чини 80 долари неделно, а секогаш е фино да можеме да вратиме работи што не ни требаат и да купиме млеко со тие пари.

-Не би сакале други книги освен таа погоре. Во моментов, детето има 32 книги на полица и уште 25 што го чекаат во шпајз за кога ќе наполни три години (а во овој момент мрази кога му читаме).

-Ве молиме воздржете се од било какви персонализирани подароци што би се користеле надвор од дома. Облека со името е прво нешто што води до киднапирање, па нема потреба да му го објавуваме името на облека или играчки. (Ќе добие персонализирана играчка од Х семејство, но ќе се користи само дома)

Ве молам кажете ако имате некакви прашања за поклоните на списоков кои планирате да ги купите и ќе ви кажеме дали ги имаме.

Патем, наскоро во сандаче ќе ви стигне и официјалната покана…

Мајка и татко”

Можете да замислите каква ќе биде официјалната покана

Мамички?

13 декември 2017 - 16:57