Прва соработка на Том Хенкс и Вес Андерсон

Прв пат во животот, Вес Андерсон ќе соработува со Том Хенкс на новиот проект што Андерсон ќе го снима во Шпанија.

Не се знае многу за проектот, освен што ќе биде сместен (но не мора да значи дека ќе се работи за тоа) во Шпанија. Се разбира, ќе биде вклучена Тилда Свинтон, како и Бил Мареј, а ова ќе му биде 10-ти филм на Андерсон.

Според Холивуд Репортер, има прифатено улога, само не се знае големината на улогата - можно е да биде мала, дури и камео.

Можете да замислите колку може да биде закон Том Хенкс во филм на Вес Андерсон?

Инаку, Андерсон проектот го почнува по пофалбите на The French Dispatch во Кан, каде што играат истите Мареј и Свинтон, плус Тимоти Шаламе и епската Френсис Мекдорманд. Го има и Адријан Броди, а ќе го има и во новиот филм чиј наслов уште не е познат.

Тоа што го ангажира Том Хенкс е уште еден знак дека почнува уште еден престижен проект што уште подлабоко го всадува Андерсон како еден од најголемите автори на модерната кинематографија.

Кога веќе не знаеме многу за новото, освен кој ќе игра, да се потсетиме на последното: The French Dispatch се случува во измислен француски град во некој период од 20-от век и во кината треба да стигне во октомври.

i-d.vice го нарекува,

„Френетичен и фантастичен, весел, љубовно писмо до потенцијалот на новинарството да биде реално и ако е во вистинските раце, навистина многу посебно.“

20 август 2021 - 00:00