Принцот Хари и Меган Маркл ќе имаат нова серија на Нетфликс

Ах.

Нетфликс објави датум за премиерата на документарната серија на Хари и Меган со наслов Heart of Invictus - ќе почне на 30-ти август.

Серијиата следи група натпреварувачи од цел свет кои се подготвуваат да се натпреваруваат на Invictus Games во 2020, кои се случуваа во Хаг, но поради пандемијата турнирот беше одложен.

Хари го почна турнирот во 2014. Се работи за настан со повеќе спортови кој на болни и ранети војници им овозможува да се натпреваруваат во спортови како кошарка, тенис, пливање и слично. Во 2023, игрите ќе се одржат во Дизелдорф.

Според него:

„Уште од првите Инвиктус игри во 2014, знаевме дека секој натпреварувач ќе придонесе на сопствен исклучителен начин до моазикот на издржливоста и одлучноста. Серијата на заедниците ширум светот ќе им даде прозорец кон трогателните и ведри приказни на овие натпреварувачи на нивниот пат до Холандија следната година.“

Убаво е тоа, само да видиме дали ќе гледаме спорт со ветерани, или ќе успеат Хари и Меган да бидат главна улога и таму.

17 август 2023 - 11:21