Прашањето што го збунува анти-абортус друштвото

Патрик С. Томлинсон, инаку писател на научна фантастика, пред некое време во серија твитови постави едно специфично прашање, и тоа насочено кон активистите кои по секоја цена сакаат да бидат тие што ќе одлучат дали вие ќе смеете да абортирате или не.

И почнува вака.

„Секогаш кога ќе дојде темата за абортус, имам едно прашање што го поставувам 10 години, за теоријата „Животот почнува при зачнувањето”. Десет години никој НИКОГАШ не го одговорил искрено.

Се работи за едноставно сценарио со два исходи. Никој не сака да избере, затоа што точниот одговор им го уништува аргументот.

А ИМА точен одговор, и затоа луѓето што се про-лајф го мразат прашањето.

Еве го.

Се наоѓате во клиника за плодност. Не е важно зошто. Се вклучува аларм за пожар. Додека бегаш, слушаш дете како плаче зад некоја врата. Ја отвараш вратата и гледаш петгодишно дете кое моли за помош.

Детето е во едниот агол од собата. Во другиот агол има замрзнат контејнер на кој пишува 1000 здрави човечки ембриони. Чадот станува погуст. Почнуваш да се давиш. Знаеш дека можеш да го спасиш или детето, или ембрионите, но никако и тоа и тоа, и ако не побрзаш ќе умрете сите.

Дали

под а) ќе го спасиш детето, или

под б) ќе ги спасиш ембрионите?

Никогаш не сум добил искрен одговор ни на едното, ни на другото. И нема ни да добијам.”

Тоа е тоа интересното. Ако веруваш дека животот почнува при зачнувањето и дека жените не смеат легално да абортираат затоа што тоа е еднакво на убиство, тогаш ова прашање не треба ни да те замисли на секунда.

Ама, незгодно е малку.

На истиот начин се втеруваат во ќош фанатични христијани.

„Дали Ана Франк гори во пеколот?” според идејата дека доколку не го прифатиш Бога, душата не може да ти биде спасена. А незгодното е кога треба да кажеш дека девојче што страдало во холокаустот, сега страда во вечни маки.

Незгодно, а? Food for thought.

20 октомври 2017 - 14:06