Прашања за на прв дејт, според адвокати за развод

Ако некој може да забележи суптилни (и не толку суптилни) предупредувања дека врската е осудена на пропаст - адвокат за развод може.

Знаат што точно, што во прв момент е „само малку чудно”, може да прерасне во иритирачко и да предизвика проблеми што можат да ве раскинат.

Затоа имаат избор на прашања што би требало некако да се постават, макар и да не се срочени така како што се наведени тука.

1.Кога последен пат зборуваше со брат/сестра или со родителите?

„Би нашла начин да дознаам колку е близок со семејството. Гледам многу разводи предизвикани од личности преблиски со своето семејство до степен да им е приоритет наместо партнерот, па се без осет. Кога влегуваш во брак, бракот мора да биде заштитен и да биде приоритет пред врската што ја имаш со семејството од кое потекнуваш. Од друга страна, лоши семејни врски може да се знак дека личноста има проблеми со однесувањето и не може долго време да оддржува врска.”

2. Веруваш ли во среќни краеви?

Внимавајте како ќе го срочи одговорот. Сите врски бараат труд и посветеност од двете страни за да успеат. Некој што мисли дека среќните краеви си доаѓаат сами по себе може да не е баш стабилен партнер.

3. Дали си во брак?

Најозбилно треба да се праша ова. „Разделени” или „во брак” значи неразведени. Тој што е на состанок со тебе, треба да е разведен.

4. Што ти се допаѓа кај работата?

Прашувајте за работа. Се гордее ли со тоа што го работи? Или лета од фирма во фирма? Понатаму, дали е „женет со работата”, па нема да има време да поуживате во недела наутро и постојано ќе проверува мејлови? Не би требало така.

5. Како ти заврши последната врска?

Вака директно сељачки можеби не, но треба да се најде начин безболно да се дознае околу крајот на последната врска - не би требало да каже дека само другиот бил виновен. Барајте некој што ќе признае дел од вината за неуспехот на врската. Тоа покажува зрелост, искреност и способност за развој на личноста.”

6. Да можеш да го вратиш времето, која една работа би ја сменил во животот?

Ова, покрај тоа што е забавна тема, може многу да открие. Разговарајте што би направиле поинаку ако можете да се вратите назад. „Би живеел многу подалеку од мајка ми” не е добар знак. „Би студирал во странство” е во ред. „Би се оженил за девојката од средно со која уште се слушам” ви е на пример, многу лош знак.

Се разбира, секој има различна приказна и ништо од ова не е исклесано во камен. Во секој случај, не е на одмет да се биде дипломатски внимателен.

А, имаме ние уште адвокати за развод:

Адвокат за развод да ви каже

и

Адвокати за развод даваат совети за брак

4 јуни 2019 - 00:00