Постои теретана само за жени и мажите се повредени

Сегрегација било. Хихи.

Не дека е невидено, си постојат одамна, ама една теретана наменета исклучиво за жени доби пофалба на ТикТок, со сликички и видеа, и додека жените аплаудираат, мажите се така како згрозени дека не било фер.

Што не е фер? Што точно на сите милион теретани во секој град им фали во случајов? Не се знае. Може баш до таа им дошло, дека не можат да влезат. Некако би се кладеле дека во радиус од 2 километри имаат уште 20, но добро.

Теретаната е опремена како и секоја друга, ама на пример не можеш да ѕиркаш внатре и се отвара само со клуч што го имаат членовите за да не може било кој (читај: машки) да залута внатре.

Има тука еден благ пораз: што воопшто е потребна ваква работа во денешно време.

Жените коментираат дека се чувствуваат побезбедно и да згрешат и да побараат помош како почетници. Велат и дека никој не им суди во ваква теретана (овде е дискутабилно, како жени да не судат на жени?) и дека со задоволство би ја користеле, или ја користат. Патем, во тоалетот има диспанзер за тампони и улошки, и не само што е нонстоп снабден, туку се и бесплатни.

Мажите се незадоволни.

Сѐ уште е мистерија зошто.

@heatherhuesman

The BEST GYM! We need these everywhere, we feel so safe and comfortable going to the gym, gonna be my new favorite spot!🦋💕 #fyp #TikTokGGT #blush

♬ SUNNY DAY - Matteo Rossanese
19 мај 2021 - 12:50