Постари жени се потенцијален златен рудник за козметика

Побарувачката за козметика меѓу пензионерките во Јапонија расте вртоглаво.

Со своите 99 години, Кикуе Фукухара доста темелно се разбира во продавање шминка на постари жени: За лосиони, кармини и пудри зборува веќе шест децении. Работи со Пола Орбис, една од водечките јапонски компании за козметика и од скоро го држи Гинисовиот рекорд за најстар бјути-советник во светот. Нејзината стратегија е - тестирање на производот на сопствената кожа. „Нема ден од сите 365 во годината да забушавам со шминка. Мора секогаш да се внимава на изгледот,” вели таа.

Продажбата на козметика на жени во нивните 50-ти, 60-ти и така натаму години е златна можност за глобалните компании за убавина. Пазарот за производи поврзани со стареење се очекува да скокне за 58 проценти, до речиси 80 милијарди долари во следните пет години, според некои истражување. Во текот на наредната декада, светот ќе има повеќе популација постара од 65 години, наместо деца помали од 5. „Постарата популација ќе биде една од клучните области за фокусирање кај сите козметички компании во светот,” вели Стефани Габриел, потпретседател за бизнис развој во Бјутистримс, компанија за предвидување трендови.

Јапонија е идеална за тестирање на овие работи - половина од жените таму се веќе постари од 50 и до 2050-та, оваа демографија ќе зафаќа 60% од женската популација.

Затоа и Пола Орбис, заедно со ривалите како Шисеидо и Косе (чиј бренд амбасадор е 45-годишната Кејт Мос) сè повеќе се фокусираат на постари жени и производи скроени за нив. Некои се на база на креми, затоа што производите во прав ги истакнуваат брчките. Восокот одговара затоа што не ја развлекува тенката кожа на капаците, а Шисеидо продава мини-чешел што пушта црна боја за да се покриваат седи корени.

Ботом лајн, ние старееме, да, ама ќе бидеме центар пажња во годините што следат.

Козметичкиот свет на старите останува.

5 декември 2019 - 13:36