Поплаки од туристи што мислат дека светот се врти околу нив

„Дадовме повеќе пари за поглед на океан и повеќето денови гледавме во океанот. После некое време стана досадно.“

Време на одмори е, а кај нас се модерни групите за туристи во Грција, каде што често се случува да се појави по некоја објава полна фрустрации од гребење на паркинг, задржување регистарски таблички, или просто недостаток на лежалки во прв ред на плажа.

Но, по свет има такви бизарни поплаки, човек да се чуди од кај доаѓаат и како растеле овие луѓе.

На пример:

Зошто никој не ме предупреди дека ќе има земјотрес?!

Локалците си зборуваа на мајчин јазик околу нас. Ако си во туристичко место, најмалку што можеш да направиш е да зборуваш англиски за туристите да се чувствуваат добредојдено.

Хотелот беше преблиску до природа. Видовме срни повеќе пати и ни беше непријатно.

Поларната светлина се појави после полноќ. Веќе си легнавме. Агенцијата требаше да ја закаже порано.

Водичот цело време зборуваше за историја. Мислевме дека ќе има повеќе фокус на нас и на нашето лично искуство на одморот.

Дадовме повеќе пари за поглед на океан и повеќето денови гледавме во океанот. После некое време стана досадно.

Бевме за време на културен фестивал и не разбиравме што зборуваа околу нас. Мораат ваквите настани да ги направат попристапни за туристи наместо толку да се фокусираат на локална традиција. Нема да се вратиме.

(Во езерска област во национален парк во Англија) Пристигнавме ноќно време и плативме за соба со поглед на езерото. Кога влеговме, не можевме да го видиме езерото. Го немаат осветлено.

(Во Европа) Не примаат долари во продавница.

Не знам што е драмата околу Колосеумот, мене ми личи на срушен стадион.

Со сопругот бевме на сафари и видовме машки слон со ерекција. Сопругот се почувствува инфериорен.

(За време на сезона на урагани на Флорида) Сакам да ми ги вратите парите. Цело време врнеше и не можевме ни на базен да се бањаме.

Сите локалци си зборуваа на својот јазик, дури и во присуство на туристи. Се чувствувавме исклучени.

(Замолен да не се качува на свет споменик) Ако не смее качување, што сте го ставиле каде што можат да го видат туристи?

Мештаните делуваа горди на својата култура и не сакаа ништо да сменат за туристите. Туризам не се развива со таков став.

Градскиот плоштад го користеа деца што си играа после школо. Не можевме да направиме естетски фотографии.

И најјакото:

Селото беше прекрасно, но беше јасно дека е изградено за луѓето што живеат таму, не за посетители. Пропуштена можност.

извор

20 јули 2026 - 12:13