Постои нешто што се вика Relationship weight gain, или „здебелување кога си во врска” и стварно постои. Според едно истражување направено на Универзитетот Квинсленд во Австралија, во кое истражувачите анализирале 10-годишни податоци и преку 15.000 луѓе, луѓето во среќни врски во просек тежеле 5,8 килограми повеќе од сингл-луѓето.
Како причина се наведува тенденцијата да престанеш со вежбање и слични активности заради сигурноста дека „нема да одиш на бендисуење”, плус, нарачување храна и испивање по две флаши вино додека гледаш Нетфликс со партнерот некако звучи многу позабавно од излегување и бивање активен.
Се открило и дека, во споредба со сингл луѓе, луѓето во пар имаат поздрави навики и пушат помалку, јадат помали количини храна и конзумираат повеќе овошје и зеленчук, иако ова не ги спречува да се дебелеат.
Ако не ви е за верување, има уште едно истражување.
На уште еден универзитет, овој пат во Далас, следеле 200 нови брачни парови четири години и дошле до истиот заклучок.
„Задоволството е позитивно врзано со зголемувањето на тежината,” вели главниот истражувач Андреа Мелцер. „Сопружниците кои се позадоволни, полесно се здебелуваат, и обратно е кај оние што не се задоволни.”
Не дека сака да каже „колку посреќни, толку подебели,” ама натака иде.